Индиец го остави наследството на своите слонови
Еден земјопоседник од Индија својот имот им го остави на двата слона што тој ги има. За нив тој вели дека еднаш му го спасиле животот во вооружен грабеж. Според тоа, животните ќе добијат 2,5 хектари земјиште.
Таа одлука на Ахтар Имам ги налути неговата сопруга и децата. Тие, заедно со слоновите Моти и Рани, живеат на село во источната индиска сојузна држава Бихар.
– Едноставно не сакам Моти и Рани да имаат тешкотии, тие мене, исто така, ми се семејство. Не сакам моите слонови да се соочат со судбината на напуштените животни што умираат на улица или на нива поради негрижа, рече Имам кој, инаку, е и борец за правата на животните.
Тој ги има слоновите скоро откако се родиле. Сега Моти има 20, а Рани – 15 години.
Но, Имам вели дека неговата љубов кон неговите домашни миленици се должи и на фактот што го спасиле од вооружени напаѓачи. – Кога ја отворив вратата за да видам зошто слоновите се така вознемирени, видов дека ги бркаат криминалците надвор од дворот. Јас сум жив поради нив, оти моите слонови ми се како телохранители, раскажува тој.
Азиските слонови се загрозен вид. Живеат, од прилика – до 70 години. Околу 45.000 единки има низ целиот свет, при што околу една третина од нив живеат во нечиј јарем.
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
