Спорт плус
24. August 2015 - 14:57

Инди кар: Вилсон во кома

Британецот Џастин Вилсон, возач на тимот Андрети Аутоспорт, се наоѓа во кома, откако на Инди Кар трката се здобил со тешки повреди на главата.
 
Несреќата во која со тешки повреди се здобил Вилсон се случила на трката во Покон. На 21 круг до крајот на трката, во тој момент лидерот во трката Саге Карам удри во заштитниот ѕид, а делови од билидот се разлетаа по патеката.
 
Еден од деловите кои летале по патеката го погодил во главата Вилсон, кој загубил контрола врз својот болид и, исто така, удрил во заштитниот ѕид.
 
Несреќниот Вилсон веднаш бил најблиската болница и според првичните информации неговата здравствена состојба е критична.