Инциденти на седницата на Собранието на Нови Сад, oдбиен предлогот за разрешување на градоначалникот
Се одржа вонредната седница на Собранието на Град Нови Сад на која беше одбиен предлогот на опозицијата за разрешување на градоначалникот Милан Ѓуриќ поради трагедијата на Железничката станица.
Веднаш по почетокот на седницата имаше неколку инциденти, а во еден момент пред градското собрание се собраа граѓани кои се обидоа да влезат на седницата.
Предлогот за разрешување на Ѓуриќ поднесоа 30 советници на новосадската опозиција бидејќи сметаат дека и тој треба да сноси политичка и морална одговорност за падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад, кога загинаа 15 лица, а двајца беа тешко повреден.
Почетокот на седницата го одбележаа меѓусебните обвинувања меѓу власта и опозицијата.
-Трагедијата на железничката станица е резултат на катастрофалното управување со градот, каде што се гради без дозволи или се издаваат дозволи без институции. Наместо да го разбере барањето на граѓаните, Милан Ѓуриќ протестите ги оцени како вандализам. Покажа длабоко непочитување кон граѓаните. Власта предводена од СНС на чело со Ѓуриќ на мирните протести одговори со испраќање тепачи кои намерно ги провоцираа граѓаните. Напаѓани се средношколците, а професорите се изложени на мобинг, рече одборникот на „Крени-промени“ Стеван Бабиќ.
Тој додаде дека е скандалозно што човекот назначен од Градското собрание за директор на јавно претпријатие е означен како член на криминален картел за продажба на кокаин.
На крајот од дискусијата пред присутните во салата на Градското собрание се обрати градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ.
-Би сакал да свртам внимание на она што се случува додека ние овде дебатираме, а тоа го најавивме – вашата намера е насилно да влезете во Градското собрание, а потоа насилно да ја преземете власта. Не можете да дојдете на власт како што мислевте. Граѓаните не го заслужија ова, ниту тие што не избраа нас и вас. Но, вие го знаете само патот на улицата. И јас се уште тврдам дека власта може да се добие само преку избори, рече Ѓуриќ.
За разрешување на Ѓуриќ гласаа 25 советници, а 48 беа против. Владеачкото мнозинство со аплауз ја поздрави одлуката.
На сред гласањето имаше туркање и напната атмосфера. За време на дебатата, граѓани и активисти се обидоа да влезат во градското собрание, кога дојде до туркање и судир со силни полициски сили.
Медиумите јавуваат дека најмалку едно лице е повредено, а потоа и приведено од полицијата.
Граѓаните се собраа пред Градското собрание токму во моментот на падот на настрешницата во 11 часот и 52 минути, ја блокираа улицата пред собранието и со својата заглушувачка врева ја спречуваа советничката расправа.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот