-->
-->
Инцидент во Охрид - излегол од кафе бар и добил ќотек
-->
Утринава четириесет минути по полноќ во Полициската станица Охрид, Д.Ј. (30) од село Лешани, охридско, пријавил дека на вчера во 23:50 часот во кафе бар на ул. „Партизанска“ во Охрид од лицето Д.Н. му била загрозена сигурноста. Според пријавата, во наведеното време Д.Н. почнал да го навредува и омаловажува и да удира по масите, по што бил изнесен надвор од објектот. Истиот ден во 3:10 часот во Полициската станица Охрид, Д.Н. пријавил дека физички бил нападнат од лицето Д.Ј., при што му биле нанесени повреди. Според пријавата, кога излегол од објектот и седнал во возило „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, Д.Ј. ја отворил вратата и физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Извлечено четвртото тело од Вардар, наредена обдукција
-
Александар Камбовски е нов претседател на Судскиот совет
-
Спречен организиран криминал со половни возила, поднесени 24 кривични пријави
-
ОЈО Битола ќе истражува за мртвата мечка - Сашо Данго нема дозвола за оружје
-
Затворен мостот на Вардар кај Башино село во Велес
-
МОН денеска ќе ги префрли 120-те милиони денари на ЈСП за бесплатен превоз на студентите
-
Ќе растат платите во Здравството