Инцидент во ноќен клуб во Куманово
Вчера околу 2.30 часот во дискотека во село Проевце, Кумановско, додека лицата Ф.A. (26) и Р.В. (25), двајцата од Куманово, седеле на една од масите, дошол И.Ф. од Куманово и почнал да им се заканува. Од вработените во обезбедувањето на дискотеката бил избркан од објектот. Околу 04.00 часот, Ф.А. и Р.В. со патничко возило „Мини Купер“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на Р.В., тргнале на бензинска пумпа лоцирана на бул. „Октомвриска Револуција“, која се наоѓа во близина на село Проевце. Во непосредна близина на бензинската пумпа, на улицата излегол И.Ф. кој им дал знак да застанат. Р.В. застанал и излегол од возилото, по што И.Ф. со гумена палка го удрил во пределот на главата и побегнал од местото. По кратко време И.Ф. му се јавил на Ф.А. да дојдат во близина на истото место за да се смират. Ф.А. и Р.В. отишле на местото, каде ги чекал И.Ф.. Додека Ф.А. излегувал од возилото, И.Ф. со нож го прободел во десната нога, а потоа со неговото патничко возило „Ауди А3“ со кумановски регистарски ознаки, заминал во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци