Инцидент во Лондон, евакуирана метро станица
Британската полиција соопшти дека се регистрирани истрели од огнено оружје на Оксфорд стрит во центарот на Лондон. Засега нема информации за жртви.
Според локалните медиуми, полицијата во Лондон одговорила на инцидент „што е поврзан со тероризам“. Полицијата информираше дека засега нема осомничени лица, ниту се најдени докази дека имало истрели од огнено оружје.
„Полицијата одговори на инцидент кој се смета за поврзан со тероризам. Вооружени и невооружени полицајци се на местото на настанот и се справуваат со ситуацијата заедно со колгите од Британската сообраќајна полиција“, наведува Скотланд јард.
Една од најфреквентните метро станици во Лондон е евакуирана, откако беше пријавен инцидент со огнено оружје. На местото на настанот се присутни вооружени полицајци, кои ја пребаруваат метро станицата.
На местото на настанот се наоѓаат и возила на брза помош и противпожарни возила. На метро станицата каде се случил инцидентот не запираат возовите. Полицијата соопшти дека е затворена и улицата „Бонд“.
Очевидци тврдат дека луѓето панично бегале од местото на настанот, а полицијата побарала тие да влезат во блиските кафулиња и продавници и да останат таму.
Корисник на Твитер напиша дека луѓето бегаат од станицата „Оксфорд Сркс (Oxford circus) и извикувале „бомба“.
Друга корисничка на Твитер напиша дека е затворена во соблекувална во продавница на „Зара“ додека „ситуацијата не биде ставена под контрола“. Таа напиша дека луѓе панично трчаат и влегуваат во продавницата.
Лондонската метро станица е „срцето“ на шопинг центарот на Лондон и е секогаш е полна со луѓе, посебно денеска, на „Црн петок“.
Ново на Сител
-
Телефонски разговор Ципрас-Заев: Ја истакнале важноста на почитувањето на Договорот од Преспа
-
Жената носи живот | Мери Амбросова | Личен развој | Sitel Podcast 036
-
„Паркови и зеленило“: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на владиниот објект
-
„Европскиот фронт“ обвинува за обид преку ДИК да му бидат одземени еден до два пратенички мандати
-
ДИК прифати приговор на коалицијата „Влен“ за избирачкото место во Желино
-
Претепан вработен во казино од три лица на кои им бил забранет влезот
-
На сила го внел во возило и му украл накит и 2.500 евра - Кривична пријава за 40 годишник од Скопје
-
Тепачка во ресторан во Драчево