-->
-->
Инцидент на протестот пред Влада против ковид-мерките
-->
Вчера се одржа протест пред Владата против одлуката за воведување на нови мерки за невакцинираните лица.
Граѓаните скандираа „Слобода“, и побараа повлекување на рестриктивните мерки. Еден од присутните истакна дека на минатиот протест биле побројни, и апелираше да не одговараат на провокациите бидејќи тие наместо да ги обединат, само ќе ги разделат.
На протест се случи и инцидент, кога првиот говорник, како што самиот се претстави, поранешен вработен во военото разузнавање, говореше предолго, па дел од присутните побараа да го отстапи микрофонот. Притоа дојде до туркање меѓу него и една жена, по што реагираа редарите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најголемиот камен од марс продаден на наддавање за над 3,7 милиони евра
-
Приведени две лица од Кичево, при претрес на нивниот дом пронајдена е дрога
-
Кривична против 29-годишник, пукал кон три лица со ловечка пушка
-
Конгресот на САД го усвои законот за намалување на странската помош и финансирањето на јавните медиуми
-
Земјите од ЕУ се согласија за нова рунда санкции кон Русија
-
Изгаснат пожарот кај Мршевци, активен е еден во Велешко, а четири се под контрола
-
Седници на четири собраниски комисии
-
Соработка на МОН и Бреинстер за воведување вештачка интелигенција во средното образование