Џет-Сет
10. January 2016 - 15:24

Инцидент на концертот на Мирослав Илиќ - повредени четири лица

Несреќа на концертот на Мирослав Илиќ во Нови Сад. Се срушила бината за време на концертот, и повредени се четири лица. Причината за рушењето на бината најверојатно била силниот ветер. 

- Четири лица се здобија со леснои повреди, а до рушење на сцената дошло околу 22 часот поради силниот ветер. Местото на инцидентот е обезбедено и направен е увид, изјавиле од полицијата.