Инцидент на југот од земјава: Грчки воен авион навлегол во македонскиот воздушен простор

Македонските воздухопловни власти и надлежните институции проверуваат дали утрово од 10.30 до 10.50 часот грчки воен авион навлегол во воздушниот простор на Република Македонија.
Во близина на македонско-грчката граница визуелно се забележани грчки воздухоплови кои надлетувале над Идомени, но врз основа на визуелно набљудување не може да се потврди дали и колку еден од авионите навлегол без прецизни мерења од надлежните институции, појаснуваат од АРМ за МИА.
Како што јави дописникот на МИА од Гевгелија, неколку грчки авиони и четири хеликоптери во наведениот период во три наврати надлетувале над границата во делот на кампот во Идомени со цел да извршат притисок врз бегалците, во рамки на нивната воена вежба наречена „Бура“.
Вежбата, според грчките медиуми, била најавена како подготовка за распоредување војници за заштита на македонско-грчката граница кои би биле логистика за рачистување на кампот во Идомени и дислоцирање на бегалците во прифатни центри во внатрешноста на Грција.
Граѓаните на Гевгелија и многуте грчки граѓани кои дојдоа денеска на пазар во Гевгелија беа видно вознемирени и исплашени од надлетувањето на грчките авиони.
Ново на Сител
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
-

Ниту еден македонски универзитет меѓу најдобрите 2.000 во светот
-

За првпат во Македонија ќе се полага три вида матура
-

Македонците одбиваат пари за да го променат политичкото убедување покажуваат европските истражувања
-

Преглед на вестите од светот
-

Муцунски: Не сум оптимист по последната средба
-

Инклузија на младите во политиката
-

Во струмичкиот затвор осудени лица добиваат можност да го завршат средното образование
