Имунизацијата против Ковид-19 во Струга и Вевчани ќе почне в петок
Вакцинацијата против Ковид-19 во Струга и Вевчани ќе отпочне в петок. Здравствените домови во двете општини добиле вакцини и се подготвени за отпочнување на имунизацијата кај населението со таргет на лицата над 77 години, информираат директорите на двете установи.
Директорот на Здравствениот дом во Струга, Андон Ложанкоски во изјава за МИА потврди дека вакцинацијата ќе се врши на еден пункт во установата во една смена.
– Добивме 400 дози вакцини од производителот „Астра Зенека“. В петок ќе отпочнеме со имунизацијата и тогаш ќе видиме колкав е интеррсот. Приоритет во имунизацијата ќе лицата над 77 години, истакна Ложанкоски.
И Здравствениот дом „Др Светозар Чочоровски“, според директорот Јован Стојковски, имунизацијата ќе ја отпочне на еден пункт во Вевчани, но согласно потребите и новите количини вакцини ќе отворат пунктови во селата Велешта и Лабуништа.
– Интересот за вакцинација е солиден. Ќе почнеме в петок за кога се потполнети 20-те термини. Доколку оди со предвиденото темпо до крајот на следната недела ќе ги потрошиме добиените 100 вакцини од „Астра Зенека“. Со зголемувањето на бројот на вакцини во нова пратка ќе отвориме пунктови во Велешта и во Лабуништа, изјави Стојковски за МИА.
Медицинскиот персонал во двата здравствени дома е подготвен и согласно протоколите и мерките за заштита од коронавирусот ќе почнат со масовна имунзација на населението.
Ново на Сител
-
Иницијатива GoDigital: Зајакнување на 15 македонски компании на нивниот пат за дигитална трансформација
-
Сиљановска Давкова: Време е за храбар ЕУ исчекор, по примерот на оној од 2004 година, што ќе означи реунификација на регионот во ЕУ
-
Излета возило од патот во Кичево – три лица повредени
-
Кривична пријава за злоупотреба на службената положба и овластувања и измама во службата
-
30 годишник ја претепал невенчаната сопруга и нивните деца, па ја заклучил во соба
-
Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Тоа е судска одлука, не би имал што да додадам
-
Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа
-
Курти ја обвини најголемата партија на косовските Срби дека го претставува Белград