Имотот на Маск во Тесла порасна за 1.7 милијарди долари

Имотот на Маск во Тесла сега изнесува 32 милијарди долари.
Причината за зголемената вредност на Тесла се големите профити што компанијата ги направи во третото полугодие кои се во висина од 143 милиони долари, надминуваји ги очекувањата. Друга причина се високите продажби на електричните автомобили Тесла, и почеткот на продажбата на колите произведени во Кина
По објавувањето на резултатите, Тесла стана прв американски производител со пазарна капитализација од 100 милијарди долари чии акции се тргуваат на берзата. Компанијате веќе ги надмина „Форд“ и „Џи-Ем“, и само јапонскиот гигант „Тојата“ има повисока пазарана капиталзиација, која е во висина од 233 милијарди долари.
Сето ова стана изненадување за инвеститорите.
Според условите од договорот одобрен од акционерите на компанијата, Маск треба, за првпат да добие премија од 346 милиони долари ако капитализацијата на Тесла достигне 100 милијарди долари и остане на тоа ниво во тек на шест месеци.
Тој инаку во 2018 година се откажа од фиксна плата од компанијата во тек на десет години – платата што ја добива зависи од пазарната вредност на акциите на компанијата и оперативниот приход.
Маск поседува околу 22 отсто од акциите на Тесла.
Ново на Сител
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
-

ЦУК: Од 1 јуни до 31 август регистрирани 1.696 пожари на отворен простор
-

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали
-

Сопругата на Меси: Нашите деца го видоа нивниот татко како никогаш не се откажува и како го крева трофејот на Светското првенство
