-->
-->
Имало и „тепачка“, прекршочна за Стоилов!
-->

Ракометниот репрезентативец, Стојанче Стоилов бил нападнат и се здобил со видливи повреди бидејќи не сакал да се слика со лицата кои подоцна го нападнале.
Според официјалните информации од Министерството за внатрешни работи, во вторникот околу 4 часот наутро, Стоилов заедно со неговиот колега Дејан Манасков и фудбалерот Никола Трипуновски јаделе во пекарницата „Силбо“ на улица „Костурски херои“. Додека јаделе на Стоилов му пришле четири до пет непознати лица кои сакале да се сликаат со него.
Стоилов ги одбил, па почнале да да го навредуваат со погрдни зборови и излегле надвор од пекарницата. Пред пекарницата почнале да ги кршат возилата на Мансков и Трипуновски.
Спортистите веднаш излегле надвор да видат што се случува, по што Стоилов бил нападнат со клоци и тупаници. Едниот од напаѓачите е идентификуван, триесет и тригодишниот скопјанец Т.Г., додека другите напаѓачи се непознати.
Од извршениот разговор со инволвираните лица и со сведоците случајот е расчистен и на Стоилов и идентификуваниот напаѓач им е издаден записник за констатиран прекршок по чл. 11 (“тепачка“) од ЗППЈРМ.
ФОТО: спортмедиа.мк
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
