Имал најголеми тестиси на светот: Не можел да оди, да работи, ниту да има секс!

21-годишниот Кениец, Форенс Овити Опију, станал познат во светската јавност поради пореметувањето од кое боледувал. Имено, тестисите му биле 20 пати поголеми од нормалните, па поради тоа не можел да има нормален живот, девојка, работа. За среќа, успеал да се оперира и да ги намали тестисите на природна големина.
Лекарите по операцијата и отстранувањето на вишокот ткиво утврдиле дека Опију боледува од "scrotal Elephantisis". Ова болест е предизвикана од блокада линфниот систем и во главно доведува до отекување на кожата.

Најверојатната причина за заболувањето е цистата која ја добил кога имал 10 години, а поради големината на тестисите ова момче одвај одело и не можело да носи нормална облека. Со години живеел како самотник. Младиот Кениец минал низ две операции: при првата му бил отстранет вишокот на ткиво, а втората го реконструирала изгледот на неговиот пенис, за тој да изгледа како претходно.
"Верувам дека Форенс ќе има нормален живот и дека ќе може да ужива во него", изјавил докторот Џејмс Обонди, кој го опрерирал. Лекарите очекуваат дека момчето во целост ќе заздрави за три месеци, а се надеваат и дека ќе може да има деца.

"Навистина би сакал да имам деца еден ден. Среќен сум што сум опериран и не се плашев. Кога се разбудив по операцијата, се почувствував многу полесен. Сета тежина исчезна. Сега пливам. Пред операцијата не смеев ни да се доближам до вода. Сега можам да трчам и да играм фудбал. Слободен сум. Се обидувам да се изградам како личност за да најдам сопруга. Меѓутоа, следниот чекор е да завршам училиште. Кој знае што ќе ми донесе иднината", изјавил Форенс по успешната операција.

Погледнете како Форенс изгледа денес:
Ново на Сител
-

Путин не ја исклучува можноста за зближување со Европа
-

Рубио: САД очекуваат воената операција во Иран да заврши за неколку недели
-

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, приведен осомничениот за стореното кривично дело
-

Burnout - Тивко Согорување | Розалија Секулоска | Sitel Podcast
-

Иран соопшти дека се нападнати две нуклеарни постројки
-

Хакерски упад во електронската пошта на директорот на ФБИ
-

Обилните дождови предизвикаа поплави во повеќе градови во ОАЕ
-

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари
