Бизнис
6. July 2018 - 21:05

Има простор трговската размена меѓу Македонија и Турција да достиген до една милијарда

Има простор за поголема трговската размена меѓу Македонија и Турција. Во моментов таа изнесува 400 милиони долари, но има потенцијал да достигне до една милијарда, сметаат бизнисмените од двете земји. Велат дека како во политиката, потребно е да се зајакне соработката и во економијата.

Овие два дена економски новинари од Турција ќе престојуваат во Макеоднија. Целта на нивната посета е да научат повеќе за економските услови во државата и да ги пренсеат на турските бизнисмени.

Турските компании се на петто место на скалата на странски инвеститори во земјава, а трговската размена со оваа држава е на осмо место.

Од вкупно 11 компании што работат во економските зони, 5 се од Турција. Вкупните инвестиции на турските компании во земјава до сега изнесуваат 1,8 милијарди долари.