Има најголеми гради во Австралија ама сака уште поголеми

Сара Мери Лето (23), може да се пофали со титулата „сопственичка на најголеми гради во Австралија“.
Поради тоа луѓето често претпоставуваат дека таа се занимава со порнографија, но Сара всушност е пејачка и актерка, кој градите првпат ги зголемила кога имала 17 години. Таа сама себе се нарекува „Лошата Барбика“, пишува „Дејли Мејл“.



Весникот наведува дека Сара Мери не била задоволна со „резултатите“ од првата операција на градите, па се решила на втор хируршки зафат. Но, и тогаш градите не биле „по нејзин вкус“, па отишла на трета операција, со која имала проблеми затоа што долго време не можела да најде хирург, кој би ја оперирал.
На социјалните мрежи каде ги објавува нејзините фотографии, Сара Мери често е напаѓана поради нејзиниот изглед и обвинувана дека ги понижува жените.
Таа меѓутоа вели дека не разбира зошто луѓето и натаму размислуваат на тој начин во 21-от век.

- Тие тврдат дека мојот проблем е од главата, а дека операциите само се начин на кој се обидувам тоа да го поправам, вели таа.
Сара тврди дека е подготвена за уште една операција иако не сака да стане жена со најголеми гради. Само сака градите „да и изгледаат големи“.
- Заради моите гради луѓето се смеат, а јас сум среќна. Тоа значи дека нивната големина не е лоша работа, заклучи русокосата Австралијанка.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
