Има ли нешто пострашно: Ова е мојот син, болен од рак

Таа сакаше да покажа дека оваа тешка болест го уништила животот на нејзиното дете, како влијаела на нивното семејство и пријателите.
"Пред да ме осудите за објавувањето на оваа фотографија и да кажете дека го убивам достоинството на моето дете, знајте дека ова го правам за да покажам дека животот не е секогаш убав. Ова е реалноста“, напиша таа.

Во Фејсбук постот таа објаснува како детето повеќе не ги контролира основните функции, дека и коски и кожа и како таа по цел ден го моли нешто да јаде. Како што наведува, детето постојано спие со неа, зошто се плаши нешто да не му се случи на сон, а тоа нешто е смртта.
-Среде ноќ водиме разговори за тоа дали ќе оди на небо и дали таму ќе го сретне таткото, дали во рајот ќе може со него да игра и да разговара, пишува оваа очајна мајка и додава дека нејзниот син пие по 44 апчиња неделно и често говори дека не може да издржи како и тоа дека нема да го доживее својот 11 роденден.
"Ова е тој Дрејк, Стинки Џо, мојот цел свет. Од моментот кога останав бремена тој е целиот мој живот. Тој е мојата насмевка, мојата љубов. Тој е моите солзи, но и моето срце. Мојата болка. Тој е целиот мој живот“, пишува на крајот мајката.
Ново на Сител
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
-

Директор во Лотарија обвинителството го прогласи за непријателски сведок
-

Јанев: Падна митот за недопирливите во Прилеп, нема повеќе криење позади униформата и врските
-

Се бара оставка од Филипче - Платформата 12.05 го достави, СДСМ јавно го објави и го одби планот за промени
-

ВМРО-ДПМНЕ бара обвинителството да ја истражи Славјанка Петровска
-

Четврти интернационален конгрес за студенти по медицина од 15-18 октомври
