Живот
9. May 2017 - 12:29

Им згаснала љубовта: Се разведе Александра Накова

После две години брак, се разведе познатата манекенка Александра Накова. Љубовта помеѓу неа и нејзиниот сега веќе поранешен сопруг, младиот кошаркар Никола Гајдаџиев, згасна.

Како што дознаваме, двојката веќе некое време не живее заедно, но и Александра и Никола успешно го сокриваа тоа од јавноста.

– Немаше љубов помеѓу нив двајца, а тоа можеше да се забележи уште поодамна. Само што им се роди нивната ќеркичка Леа, љубовта помеѓу двајцата спласна. Александра веќе неколку месеци не живее со Никола – ни изјави близок пријател на манекенката, кој сакаше да остане анонимен.

Извор: Телеграф