-->
-->
Им нема крај на трагедиите - Исчезнат пензионер пронајден обесен
-->

Шеесет и тригодишниот пензионер Мирослав Драгутиновиќ од Самаил Краљево, кој исчезна пред четири дена, е пронајден утрово мртво, недалеку од својот имот.
Се претпоставу дека Мирослав извршил самоубиство, затоа што е пронајден обесне на дрво. Семејството е во шок, затоа што вакво нешто не можело ниту да се насулти, со оглед дека водел нормален живот, со своетосемејство.
„Утрово повторно беше активирана потрага за мојот татко. Околу триесетина луѓе од селото тргнаа да го пребаруваат теренот. Еден од комшиите влезе во шумата, во која никој не влегол петнаесет години, и го виде тато обесен на дрво“, вели Зорица Јоковиќ, ќерка на Мирослав Драгутиновиќ.
Минатата среда попладнето, кога се изгуби секаква трага од него,ништо не се насетуваше дека овој човек може да се обеси.
„Внуците и уште некои пријатели, седеа пред куќата. Мајката помисли дека може свратилкај некои од комшиите, па се задржал. Но се случила страша трагедија за нашето семејство. Не можам да верувам дека повеќе го нема“, вели Зорица.
Последните денови во потрагата се вклучиле и жителите од Самаила, а биле обавестени и полицијата од Краљево. Тој бил возач до пред три години кога заминал вопензија, психички бил стабиле и освен високиот крвен притисок немал некои здравствени проблеми.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
