Свет
29. January 2016 - 20:18

Илјадници лица без струја поради силно невреме во Британија

Илјадници луѓе останаа без струја поради снежната бура Гертруда и силните удари на ветер кои ја погодија северна Британија. 

Британската метеоролошка служба соопшти дека очекува дека ветерот ќе дува 96 до 113 километри на час во поголемите делови на Шкотска и Северна Ирска, а на Шетландските острови ветерот денеска дувал и до 196 километри на час. 

Без струја се околу 10.000 домови во Шкотска и Северна Ирска, а отежнат е и сообраќајот на возовите и траектите. 

Траект од Ротердам не можел да пристигне на англиското пристаниште Хал поради силниот ветер и сеуште се наоѓа на отворено море.