Илјадници Французи протестираа против климатските промени
Илјадници демонстранти вчера излегоа на улиците на Париз и другите француски градови за да повикаат на поамбициозни мерки во борбата против климатските промени.
Националните протести уследија откако Долниот дом на Парламентот изгласа закон за клима насочен кон ограничување на емисиите на стакленички гасови за кои активисти за заштита на животната средина велат дека не досегнува доволно далеку или доволно брзо.
– Во моментов, предложениот закон претставува климатски и социјален неуспех, соопшти групата активисти за клима, „Заедно за климата“.
Гринпис Франција го осуди одбивањето на владата да преземе мерки за климата.
Активистите го обвинуваат францускиот претседател Емануел Макрон, кој беше многу гласен во поддршката на акциите против климатските промени, дека го ослабел пакетот мерки првично предложени од панел составен од 150 граѓани, кои работеа на ова прашање со месеци.
Ново на Сител
-

Србија не поканила делегација на Европскиот парламент да ги набљудува парламентарните избори
-

„ВИ“ ги презема рутинските задачи на пазарот на трудот, работодавачите бараат „човечки“ вештини
-

Нетанјаху им се заблагодари на Трамп и Рубио за санкциите кон МКС
-

Тинекс останува Тинекс!
-

Акциски контроли на возачи на велосипеди, мопеди, мотоцикли и електрични тротинети – констатирани 161 прекршок
-

Сообраќајка на влезот на Скопје - километарски колони на возила
-

ПЕТ центарот ќе работи и за викенд
-

Невреме со пороен дожд и засилен ветер, од понеделник пад на температурите
