Илјадници демонстранти во Тел Авив побараа крај на војната во Газа

Илјадници Израелци синоќа излегоа на улиците во Тел Авив, барајќи прекин на војната во Газа и договор за ослободување на заложниците што ги држи палестинската исламистичка група „Хамас“, пренесува ДПА.
Според репортер на германската новинска агенција, неколку илјади луѓе се одзвале на повикот на Форумот на семејствата на заложниците.
Демонстрации се одржаа и во Хаифа, Ерусалим и Бер Шева.
„Ќе ја блокираме земјата“, изјави пред толпата Ејнав Зангаукер, мајка на Матан, еден од 20-те живи заложници во Појасот Газа, изјави пред планираниот национален штрајк. „Нема да застанеме, нема да го чекаме (премиерот Бенјамин) Нетанјаху да ја заврши војната, ќе го земеме она што ни припаѓа по право“, додаде таа.
Според еврејскиот календар, недела е првиот работен ден во Израел, потсетува ДПА. Семејствата прогласија штрајк како форма на протест против одлуката на владата да ја прошири војната во Газа со нова офанзива, наместо да потпише договор за враќање на киднапираните, објави весникот „Тајмс оф Израел“.
Според израелските власти, покрај живите заложници, „Хамас“ држи и тела на 30 лица киднапирани во Појасот Газа.
Месеците индиректни преговори за ослободување на заложниците и ставање крај на војната не дадоа резултати. Нетанјаху инсистира безбедносниот кабинет да донесе одлука за заземање на градот Газа и бегалските квартови во централниот дел на Појасот Газа со воена сила.
И покрај првичните стравувања за ризиците по заложниците, за кои се верува дека се наоѓаат таму, армијата почна да подготвува планови во оваа насока.
Можноста за постигнување решение преку преговори сè уште не е целосно исклучена. Иако во моментов не се зборува за обновување на индиректните преговори со посредство на Египет, Катар и САД, медиумите често известуваат за контакти и истражувачки разговори насочени кон продолжување на преговарачкиот процес.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Има напредок во реформската агенда, опозицијата шири лаги и шпекулации
-

Околу 14.000 патници поминале преку ГП „Богородица“ кон Грција во изминатите 24 часа
-

Претставен новиот „Адидас“ дрес на македонската фудбалска репрезентација
-

Нафтата повторно поскапува: „брент“ скокна за 50 отсто по кризата во Ормуска Теснина
-

Приведени седум лица за обидот за опожарување на верскиот објект на Еврејската заедница во Скопје
-

Анализа: Платите на директорите на најголемите фирми во светот лани растеле 20 пати побрзо од платите на работниците
-

Претрес во скопско, пронајдена дрога, приведено едно лице | ФОТО
-

ЛЕ: Гол предност за Нотингем Форест и Брага
