Илјадници демонстранти во Мадрид побараа забрана на автомобили во центарот на градот

Илјадници лица протестираа вчера во Мадрид против одложувањето на ограничувањето за користење автомобили кои го загадуваат воздухот, како што се старите возила.
Во ноември, минатата година, тогашната крајно лева градска власт забрани во центарот на градот да се движат повеќето возила кои се на бензин и дизел поради високото ниво на јаглерод диоксид, но новата конзервативна власт ја одложи таа забрана.
„Сакам слободно да дишам“ и „Сакаме Мадрид без смог“ се некои од паролите кои демонстрантите ги истакнаа на своите транспаренти.
Новите градски власти, составени пред се членови на Народната партија, од 1 јули ги укинува паричните казни за автомобилите кои влегуваат во сегашната ограничезна зона за автомобили, додека го преипитува планот за да го направат „покомпактибилен со потребата за мобилност на граѓаните“.
Европската комисија ја предупреди Шпанија дека и следуваат санкции и можни тужби доколку не ги испочитува стандардите за квалитет на воздухот во своите најголеми градови – Мадрид и Барселона.
Повеќе европски градови, како Париз, Лондон, Осло и Хамбург, почнаа да казнуваат или забранија користење на стари и дизел возила, со план во следната декада во целост да ги исфрлат автомобилите на фосилни горива од центарот на метрополите.
Ново на Сител
-

Четиригодишно дете најмладиот милионер во Македонија, највозрасниот е 97-годишен пензионер
-

Ѓорѓиевски: До крајот на годината ќе почне проширување на капацитетите за третман на бездомни кучиња
-

Спасувачка акција во Вардар - се бара исчезнато лице
-

Највисоката плата лани: 190.000 евра бруто месечно
-

Рубио: Украина не би постоела без поддршката од САД
-

Ветер и дожд во наредните денови, следува посвежо време
-

28 сигнални пиштоли пронајдени при претрес на 63-годишен кумановец
-

Кај 25-годишник од струмичко пронајдена тегла и кеса со марихуана
