Илјадници демонстранти во Лондон против имиграциската политика на Доналд Трамп

Неколку илјади лица денеска се собраа пред американската амбасада во Лондон на протестен митинг против имиграциската и надворешната политика на новиот американски претседател Доналд Трамп, пренесоа британските медиуми.
Демонстрантите извадија црни транспаренти со крвави дамки и натписи „Не на Трамп. Не на војната“ и „Специјални односи со Трамп? Едноставно кажете не“.
Трамп, минатата недела издаде извршни наредби со кои на 120 дена ја замрзна американската програма за прифат на бегалци, на неопределно време го забрани влезот за сириските бегалци во земјата и на рок од 90 дена го ограничи доаѓањето на американска територија на државјаните од седум земји со доминантно муслиманско население (Ирак, Иран, Јемен, Либија, Сирија, Сомалија и Судан).
Ново на Сител
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
