Илинден одбележан од Македонците во Австралија

Со низа манифестации 2 Август, националниот празник на Македонија Илинден 1903-1944, денеска беше одбележан и од македонската заедница во Перт, западна Австралија.
Во просториите на македонската народна општина во Перт се одржа свечена академија посвета на празникот Илинден на која се обрати македонскиот амбасадор во Австралија Веле Трпевски, а присуствуваше и почесниот конзул на Република Македонија Зоран Ќосески. Свеченоста беше збогатена со настап на КУД Илинден.
Воедно, во Македонската православна црква „Св. Никола“ во Перт се одржа панихида за паднатите борци за слободата за Австралија и Македонија, а беше прочитано и илинденското послание од Светиот архиерејски синод на МПЦ. Пред споменикот на паднатите борци, кој се наоѓа во дворот на црквата преставници на македонската општина, амбасадорот Трпевски и почесниот конзул Ќосески положија цвеќе.
Во организација на македонските обединети организации во западна Австралија, потоа пред Споменикот на паднатите борци во месноста Кингс Парк, венци цвеќе положија сојузните пратеници Алана МекТиернан и Луке Симпкинс, пратениците Крис Хатон и Јан Ингбергер од името на Владата на западна Австралија, а од името на Република Македонија амбасадорот Трпевски и почесниот конзул Ќосески. Поздравни говори одржаа претседателот на македонските обединети организации Гоце Силјаноски и од името на Република Македонија амбасадорот Веле Трпевски.
Преставници на бројни македонски организации, амбасадорот Трпевски и почесниот конзул Ќосески денеска положија цвеќе и пред споменикот на Гоце Делчев во просториите на македонската народна општина Вардар, а поздравен говор одржа претседателот на општината Благојче Глигуровски.
Ново на Сител
-

Норис победник на трката во Бразил, титулата кај конструкторите за Мерцедес
-

Алкараз победник на Мастерсот 1000 Париз
-

Трамп: Америка со последните избори направи голем чекор назад во историјата
-

Сиљановска-Давкова упати сочувство до Полска по нападот во Краков
-

Три месеци ја демнел и ја уценувал со тајно направени експлицитни снимки ако не биде со него
-

Мајката му однела пакет во „Идризово“, затворските служби пронашле 171 таблета
-

Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ наскоро во функција
