Илиеска од Дојран: На 11 декември народот го има последниот збор

Граѓаните на Дојран, денеска разговараа со Анастасија Илиеска за секојдневието, кои проблеми ги тиштат граѓаните, како и за се она што до сега ВМРО-ДПМНЕ го направи за општината.
Граѓаните ги поздравија сите реализирани проекти и резултатите на локалната самоуправа кои се евидентни, граѓаните добро знаат дека централната власт максимално и помогна на општината со низа на проекти, дирекно насочени во развојот на туризмот.
-Граѓаните многу добро паметат каква беше инфраструктурата на Дојран пред 2006 година, а уште подобро памтат какви последици остави перидот на транзицијата која силно се рефлектираше врз стопанството во градот. Денеска, Вашето гратче не е веќе запоставената општина од југот, туку денеска Вие сте пример за тоа како треба да се работи, чесно и одговорно и како треба да се реализираат проекти.Во вашата општина се инвестираа значителни финансиски средства, економијата е подобрена, градот доби нов лик, се уредија плажите, се изградија пешачки патеки, патната инфраструктура исто така е значително подобрена, сместувачките капацитети се зголемени, бројот на туристи од година во година расте, и сето тоа е резултат на посветена работа која ВМРО-ДПМНЕ ја вложи во општината, вели Илиеска.
Тоа е стилот на работа во ВМРО-ДПМНЕ, да се биде што поблиску до граѓаните, додава таа.
-Ве уверувам дека ќе продолжиме да ги слушаме Вашите проблеми, идеи и предлози кои за нас се голем предизвик, а ние нема да отстапиме од дадениот збор, продолжуваме да работиме и да се трудиме што е можно повеќе да сработиме. Покажавме добри резултати и во делот на водењето на даночната политика. Би сакала да нагласам дел од нив, мерки кои ги донесовме и кои се во интерес на сите граѓани. Во насока на поддршка на сите родители како што ветивме така и реализиравме намалување на Данокот на додадена вредност од 18 на 5% за училиштен прибор и за бебешки производи.
Во насока на поддршка на земјоделското производство, сточарите и компаниите од агро секторот го намаливме од 18% на 5% и ДДВ-то за добиточна храна, адитиви за добиточна храна и за жив добиток, вели Илиеска.
Исто, додава, такво намалување извршивме и за ДДВ за туризмот, за земјоделска механизација, репроматеријали и семенски и саден материјал, за изградба и промет на станови, за лекови и медицински помагала. Тоа се економски мерки, кои покажаа резултати и бенефиции за граѓаните.
-Економскиот тим на претседателот Груевски докажа дека, Македонија продолжува да гради успешна бизнис клима и деновиве сме сведоци како Македонија е рангирана на 5 место во Европа и 10ти во светот според дуинг бизнис, и прва во светот според извештајот на ИБМ за новоотворени работни места како резултат на директни инвестиции. Тоа се резултатите на ВМРО-ДПМНЕ, нови инвестиции, нови работни места, целиот фокус е да се намалува невработеноста, да се зголемуваат субвенциите за производителите, да се креира уште подобра бизнис клима за домашните и странски фирми, целта е напредна економија, вели таа.
За жал имавме период на наметната и вештачки создадена политичка криза, која направи некои економски параметри кои може да бидат уште подобри, истите да стагнираат или пак да стојат во место.
-За тој дел опозицијата си има своја висока одговорност пред сите граѓани на Македонија. Таа одговрност доаѓа на 11 декември, кога народот го има последниот збор, кога народот гласно ќе ги стопира лагите и манипулациите на СДСМ и ќе стави крај на политичката криза. Народот гласно ќе порача дека Македонија нема време да се занимава со политичка криза, на граѓаните им се потребни нови можности, перспективна иднина и сигурна економија, заклучува Илиеска.
Ново на Сител
-

Савески: Одлуката за отповикување на овластувањата на обвинителката Ристоска не беше персонална, туку е од организациска природа
-

МФ: Извршен поврат на солидарен данок од 1,219 милијарди денари кон 119 компании
-

Мицкоски: Со 400 кV далновод од ТС „Битола 2” првпат стануваме целосно поврзани со сите соседни електроенергетски системи
-

АРМ објави оглас за 300 нови војници
-

Првата пешадиска бригада го одбележува Денот на единицата
-

Случај Ивана и Катја: Наставничката сведочеше за семејното насилство и за последниот училишен ден на девојчето
-

До сабота облачно со дожд, од недела сончево и потопло
-

Ленче Ристоска поднесе оставка од обвинителската функција
