ИКОНБЕСТ 2015 - Конгрес за бизнис, економија, спорт и туризам

Во Универзитетот за туризам и менаџмент - Скопје (УТМС) денеска ќе се одржи 4. Интернационален научен конгрес за бизнис, економија, спорт и туризам ИКОНБЕСТ 2015.
Најавено е учество на научници и стопанственици од тринаесет земји во седум области, туризам, маркетинг, менаџмент на човечки ресурси, претприемиштво, јавен интерес, економија и образование.
На Конгресот се пријавени 82 автора со 72 научни труда, кои во многу конструктивна насока ги детерминираат насоките и правците на позиционирање на тематските содржини, во функција на подигање на нивото и сигнификантноста на целокупниот економски развој.
Конгресот ќе го отвори Аце Миленковски, ректор на Универзитетот, а пленарни излагања ќе имаат и Зоран Ивановиќ од Факултетот за менаџмент во туризмот и хотелиерството на Универзитетот во Риека, Хрватска, Колум Марфи од School of Diplomacy and International relations, Швајцарија, Габриела Делфина Рамос од Политехничкиот институт од Гуарда, Португалија, Сем Вакнин од Allied Newspaper Group, САД и Наджија Калбаска, генерален секретар на ИФФИТ- International Federation for IT and Travel and Tourism, Швајцарија.
Трудовите на научниот конгрес ИКОНБЕСТ 2015 ќе се објават во зборникот, а од пристигнатите и рецензирани трудови, согласно содржините, квалитетот и проспективноста, ќе најдат место и во „UTMS Journal of economics“, кој е влезен во базата и индексиран во меѓународни сертифицирани бази на податоци.
Ново на Сител
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
-

Антонели: Верстапен е одличен не само како возач, туку и како личност
-

Швајцарија без Џака во Скопје поради лажен сертификат за Ковид - 19 вакцина
-

Победа и пораз на македонските репрезентации на шаховската Олимпијада
-

Мицкоски: Наместо со ЕУ интеграциите да си ги менуваме институциите, некои земји сакаа да ни го сменат идентитетот
-

Анкета: Рејтингот на Трамп падна на 32%, најниско ниво досега
-

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата
