ИКЕА повлекува 29 милиони комоди поради смртни случаи

- Шведската компанија ИКЕА повторно најави повлекување на 29 милиони комоди по седмиот смртен случај, во кој животот го загуби едно дете.
Извршниот директор на компанијата Ларс Петерсон изјави дека ИКЕА одлучи да повлече неколку видови на комоди, кои можат лесно да се превртат ако не се прицврстени за ѕид.
Смртта на двегодишно дете од Калифорнија, кое во мај беше заглавено под една од комодите на ИКЕА, го покрена прашањето дали компанијата ефикасно ја спровела кампањата за повлекување на производите, која прв пат беше објавена во јуни 2016 година.
Петерсон рече дека ИКЕА имала кампања за „широка комуникација" преку социјалните медиуми и нивните веб-страници. Шведската компанија испратила електронски пораки за повлекување на 13 милиони луѓе пред два месеца, рече тој
Ново на Сител
-

Најверојатно повторно ќе се намалуваат акцизите на горивата
-

Тема на денот со Коце Трајановски, директор на државни патишта
-

МВР го уапси Александар Лазаров од Кочани, кој преку прозорец избега од полициска станица
-

Преглед на вестите од светот
-

Расветлено убиството на д-р Ацо Трповски
-

Обвинение за поранешниот директор на СОЗР – приватно летал со владиниот авион и трошел државни пари
-

Полицајците не помагаа после пожарот во „Пулс“, тврдат сведоци
-

Мицкоски: Правдата е задоволена со враќањето на “Белата палата”
