Икарди потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен официјално го објави привлекувањето на Мауро Икарди, кој доаѓа од Интер на заем, со опција за откупување на крајот на сезоната. Клаузулата за која станува збор се проценува на 70 милиони евра, а сега францускиот шампион платил 5 милиони евра.
Пред зделката да стане факт, Аргентинецот го продолжил договорот за Интер за една година, кој е веќе до 2022 година. Според Џанлука Ди Марцио, за време на закупот, ПСЖ ќе му плаќа годишна плата од 8 милиони евра плус уште 2 милиони во бонуси.
Доколку клубот го откупи трајно, договорот ќе биде за четири сезони со плата од 10 милиони евра годишно. Доколку се врати во Интер, напаѓачот ќе собира 5 милиони евра во 2020/21 година и 7 милиони евра во 2021/22 година.
– Сакам да му се заблагодарам на ПСЖ за довербата што ја имаат во мене и ја покажуваа цело време. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на мојот нов тим да стигне што е можно подалеку во турнирите. Пари Сен Жермен последниве години стана меѓународен фудбалски гигант. Моментот е силен за Париз и тимот е амбициозен и голем. Тоа беше доволно за да ме убеди да дојдам овде, рече Мауро Икарди при потпишувањето на договорот.
Ново на Сител
-

Огнот запрен пред викендичките, битката за Серта продолжува
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование
-

Вечерва Хозе Карерас во Скопје
-

13-годишно дете во критична состојба по тепачката во Чаир - Било избодено во срцето
-

Започна учебната година за 238.000 ученици, меѓу нив и скоро 15.000 првачиња
-

Првачињата да побараат братче или сестриче
-

Почнува со настава средното полициско училиште
-

Опаѓа бројот на заразени со западнонилска треска, двајца пациенти во критична состојба
