ИЈЗ: Намалување од 39,3 проценти на ковид-позитивни минатата недела, хоспитализирани вкупно 83 лица

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, минатата недела се регистрирани вкупно 1.069 нови случаи на КОВИД-19, со намалување од 39,3 проценти во однос на минатата недела. Пријавени се пет смртни случаи, а во моментов се хоспитализирани 83 лица, од кои 34 се на кислородна поддршка.
Новорегистрираните се од 31 град во државата. Со статус „оздравени“ се стекнале 1 582 лица во хоспитални услови или на домашно лекување, што е за 37,7 отсто помалку во споредба со претходната недела.
Во соопштението од ИЈЗ се наведува дека минатата недела се пријавени 269 реинфекции, со намалување од 33,9 проценти во однос на претходната недела.
-Пријавени се пет смртни случаи со датум на смрт во текот на изминатата недела со намалување од 58,3 отсто во споредба со минатата недела. Двајца починати се од Скопје, а пријавени се и по еден смртен случај од Кичево, Виница и Пробиштип. Во однос на возрасната група сите починати се над 60 години, сите се починати во болнички услови и кај сите се регистрирани коморбидитети, велат од ИЈЗ.
Во однос на хоспитализација, од Институтот додаваат дека минатата недела се примени 14 нови пациенти, а вкупно се хоспитализирани 83 лица што е за 30,8 отсто помалку во споредба со претходната недела. Од нив, 34 се на кислородна поддршка, а нема пациенти на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација.
Заклучно со 3 септември 2022 година, вакцинирани се вкупно 875 606 лица со барем една доза на вакцина против КОВИД-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани со две дози се вкупно
856 624 лица. Бројот на аплицирани дози измината недела изнесува вкупно 317, од тоа 40 се прва доза, 26 како втора доза, 108 аплицирани како трета доза и 143 аплицирани како четврта доза.
Ново на Сител
-

Дизелот поевтинува за 2,5, а бензините за 1,5 денар по литар
-

Неготино: Го грабнале, му ставиле пиштол на глава и го терале да признае силување
-

Од полноќ нови цени на горивата
-

Изминатиот продолжен викенд 1303 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 57 лица
-

Попладне локални врнежи од дожд
-

Поранешната претседателка на ДКСК Димитровска не се чувствува виновна за кривичното дело за кое се товари
-

Мицкоски: Изминатите 20 месеци Царинската управа ги бележи најдобрите резултати во своето постоење
-

Леброн Џејмс прогласен за играч на неделата во НБА по 70. пат
