-->
-->
ИЈЗ: Две лица по трет пат се заразиле со Ковид-19
-->

Институтот за јавно здравје (ИЗЈ) регистрирал две лица кои третпат се заразиле со коронавирус. Едното лице имало хронична бубрежна болест и оди на дијализа, а другиот случај бил пријавен вчера и уште не е готова епидемиолошката анкета.
Ова денеска го изјави епидемилогот од ИЈЗ, Д-р Драган Кочински, кој дополни дека според нивните извештаи регистирани се 953 реинфекции со ковид-19.
Информациите беа споделени на онлајн средба која ја организираа Регионалната канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа и Канцеларијата на СЗО во Македонија, во соработка со НВО Инфоцентарот.
Д-р Кочински кажа дека кај реинфекциите, присутни се сите возрасни групи. Повеќето се со коморбидитети, а мислам дека досега се пријавени 7 смртни случаи од реинфекциите, изјави д-р Кочински.
Заклучно до вчера, вкупно ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата се 218.194, оздравени се 204.685, починаа 7.688, а активни се 5.821 болни.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
-

Иран повторно го затвори Ормутскиот теснец, Трамп се закани дека пак ќе фрла бомби
-

Македонските аеродроми со раст од 30% и покрај кризата на Блискиот Исток
-

Меѓупартиски обвинувања за животниот стандард
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски
-

Бугарија пред нови избори и обид да формира стабилна влада
