Игуаин веќе го облече дресот на Милан
Аргентинецот Гонзало Игуин ги почна медицинските тестови во Милано.
Ако се е како што треба, тој ќе премине кај „росонерите“ од Јувентус на заем за 18 милиони евра. Следното лето трансферот би можел да стане траен за уште 36 милиони евра.
Игуаин беше пречекан од стотици навивачи на „црвено-црните“ и изјави дека почнува нова авантура во кариерата.
- Веќе зборував со Џенаро Гатузо и сум расположен позитивно, рече 30-годишниот стрелец, кој во 105 натпревари постигна 55 гола за „бјанконерите“.
Потсетуваме дека Јуве и Милан ќе направат уште еден голем трансфер меѓу себе. Леонардо Бонучи и Матија Калдара ќе ги сменат своите места без дополнителни исплати и дополнителни клаузули и бонуси.
Капитенот на Италија веќе пристигна во Торино. Дефанзивецот вчера долетал од САД за денеска да биде на медицински прегледи. Бонучи беше снимен на аеродромот во одлично расположение, но одби да зборува пред да потпише официјален договор со шампионите.
Бонучи, кој има шест титули со Јувентус, ја намали својата плата за повеќе од два милиони евра за да се врати во составот на Масимилиано Алегри.
Ново на Сител
-
Тројца загинати во сообраќајка пред Прилеп
-
Мицкоски: Очекував повеќе креативност од ДУИ
-
Tаравари: Ја испитуваме смртта на родилката во Куманово
-
Конференција за грижа на менталното здравје на младите
-
Преглед на вести од светот
-
Зошто тешко се гасат пожарите во новите згради? Критериумите за противпожарна заштита се застарени
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен началник на МВР
-
„ДИГИТМАК“: Нов центар за поддршка на дигиталната подготвеност на бизнисите