Живот
8. January 2017 - 11:11

Играла исти бројки речиси три децени и освои џекпот

На Канаѓанката Олга Бено и се исполни сонот и освои џекпот од 5,3 милиони канадски долари (3,9 американски долари) играјаќи ги истите броеви речиси три децении.

Бено од Нова Шкотска истите броеви ги игра од 1989 година. Кога ги видела извлечени нејзините броеви на телевизија не поверувала дека ја освоила главната награда. Се уверила во вистинитоста на информацијата откако во медиумите повторно ги видела извлечените броеви.

Таа посочи дека парите добро ќе и дојдат, бидејќи пред десет години и е дијагностициран рак и морала да ја продаде куќата поради трошоците за лекување.