Џет-Сет
31. August 2017 - 10:37

„Игра на троновите": Серсеј и Брон не се појавуваат во иста сцена

Многумина од ликовите од популарната телевизика серија „Игра на троновите", првпат се сретнаа во последната епизода од седмата сезона.

Така, пред Серсеј Ланистер да се запознае со Џон Сноу и Денерис Таргариен, Брон, заедно со Подрик исчезнаа од екраните. И, за тоа, се чини, има добра причина односно актерите Лена Хеди (Серсеј) и Џером Флин (Брон) во 2002 година имаа куса врска, но со бурен крај.

Оттаму потекнуваат и гласините дека сега тие двајца одбиваат да работат заедно.