Свет
26. November 2017 - 19:37

Игра на судбината: Го преживеа масакрот во Лас Вегас, а потоа умре во сообраќајка

Рори Меккелен беше еден од оние кои успеаја да извлечат жива глава во масакрот во Лас Вегас, но по игра на судбината, тој загина на 17 ноември, откако непознат возач го усмртил и избегал од местото на несреќата.

Тој беше еден од оние кои ја преживеаја масовната престрелка на 1-ви октомври, кога загинаа 58 лица на концерт во Лас Вегас. Неговата сопруга изјавила дека не ја разбира суровоста на животот, да се преживее масовно убиство, а да се загине еден месец подоцна во сообраќајна несреќа.

Како што наведуваат медиумите, ова не е прв случај преживеани од 1 октомври да загинат неколку недели подоцна. Брачниот пар Денис и Лорејн Карвер загинале две недели по нападот во Лас Вегас, недалеку од домот, кога со автомобилот излетале од патот и се удриле во метална ограда.