Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
Случајот со исчезнувањето на Данка Илиќ во Србија за прв пат го активираше системот „Најди ме“, систем кој има задача да ги информира сите граѓани за исчезнатото дете, со детален опис и информации кои може да помогнат истото да се пронајде. Игор Јуриќ, човекот кој стои зад овој систем е задоволен од тоа како истиот реагираше за прв пат. Во разговор за утринската програма на Сител ТВ, посочи дека е горд на Србија затоа што ги испочитуваа сите протоколи а посочи и дека системот ќе биде надграден за во иднна да биде уште поекспедитивен.
„Ова е прв пат во историјата да се активира системот а да тоа не е тестирање. Со оглед на тие околности, бидејќи ова е прв пат не само кај нас туку во целиот регион морам да истакнам дека сум исклучително задоволен. Прво затоа што е испочитувано се она на што ние работевме како работна група, и МВР и ние како дел од работната група. Морам да истакнам дека сум многу горд на мојата Србија што направи такво нешто, но исто така мислам дека тој успех ќе биде целосен ако малото девојче се врати жива и здрава“, кажа Јуриќ.
Јуриќ е задоволен од повратните информации од грѓаните кои реагирале многу позитивно. Во реакции се дадени и добронамерни забелешки кои ќе бидат искористени за подобрување на системот. Како невладина веќе имаат договор со Вибер, апликацијата ќе се вклучи со цел полесно испраќање пораки. Паралелно со тоа МВР работи на систем кој ќе испраќа веднаш звучно известување на сите мобилни телефони и на тој начин ќе се реши проблемот со доцнење на СМС пораките.
Што се однесува на неговите сомнежи околу самиот случај, Јуриќ посочува дека со секоја помината минута се намалуваат шансите за позитивен исход, но истакна дека иако треба да бидат спремни на најлошо, верува во чудо и среќен крај.
„Ние како нација и фамилијата на малото девојче мора да бидеме спремни на најлошото. Јас кажам и кога исчезна нашето девојче, дека која се случуваат исчезнување и кога ќе поминат неколку денови, секоја минута, секој час е оддалечување од тоа дека детето ќе биде живо. Но ние сите гаиме надеж. Дека ќе се случи некое чудо. Јас верувам во чудо и верувам дека постои надеж. Но од друга страна сме и реални, како некои кои се занимаваат со проблематиката на исчезнати деца и многу добро знам што значи кога ќе поминат неколку денови, што значи кога детето е толку мало и кои се последиците кои можат да бидат целосно реални. Јас токму тоа го зборувам дека мора да бидеме спремни на тоа, но исто така зборувам дека немаме право да се предадеме и нема да се предадеме. Животна желба во овој момент ми е овој систем кој е активиран да допринесе да ова довјче остане живо. Ако се случи тоа, ќе морам да кажам дека ова е една наша голема голема победа“, додава Јуриќ.
Потрагата по малата Данка Илиќ трае веќе три дена, а јавноста во Србија но и регионот будна ја следи целата состојба со надеж за среќен крај.
Кирил Стојанов
Ново на Сител
-
Претседателот на Олимпијакос обвинет за поттикнување насилство во спортот
-
Мастурбирањето е половина машко здравје | Д-р Дејан Огненовиќ | ПРОфесија | Sitel Podcast 072
-
Пронајдени црните кутии во урнатиот товарен авион на ДХЛ кај аеродромот во Вилнус
-
Сиљановска Давкова и Филипче разговарале за политичките и безбедносните состојби и деблокадата на евроинтеграциите
-
Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
-
Приведени кавадарчани, кај нив пронајдени детектори за метал и сомнителни предмети
-
Приведен кумановец кој ограбил неколку возила
-
Арсовска: Долгот на централните власти кон ЈСП следната година ќе достигне десет милиони евра