-->
-->
Игор Јанушев шеф на изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ
-->

ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница за претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ го избра Јован Јаулески. Меѓу другите кадровски решенија кои беа утврдени, за советник за меѓународна политика на претседателот Христијан Мицкоски е избран Стефан Андоновски, додека за советник за меѓусоседска политика е избран Тони Димитриевски, информираат од партијата.
-ИК изврши избор и на претседатели и членови на Комисијата за правни работи, политички систем и антикорупција и Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги. ИК за претседател на РИШ за претстојните избори го потврди изборот на Игор Јанушев, генерален секретар на партијата. На седницата на ИК беше дискутирано и за подготовките за конвенцијата за избор на кандидат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која ќе се одржи во Струга на 16 февруари. Дополнително ИК дискутираше и за актуелната политичко-економска ситуација во државата и хаосот кој го предизвика власта, констатирајќи дека најбрз и најефективен излез се само предвремени парламентарни избори, кои е потребно да се одржат заедно со претседателските, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
На состанокот на Извршниот комитет се зборувало и за актуелните проблеми со кои граѓаните се соочуваат.
-ИК заклучи дека Македонија не смее да продолжи да губи и тоне поради неспособноста на власта, која ги распродава националните интереси на сметка на ситни партиски поени. Кратењето на пензиите, ударот врз пазарџиите, поскапувањето на здравствените услуги, хаосот со епидемијата на морбили, од една страна и зголемувањето на платите на вицепремиерите и вработувањето на блиски роднини во државните компании се најдобар доказ за аздисаноста на власта и нивниот единствен интерес за лично богатење, информираат од ВМРО-ДПМНЕ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Арагчи: Во моментов нема можност за продолжување на преговорите со САД
-

Се работи на ликвидација на пожарот на градската депонија во Крива Паланка
-

Пожари во делови на Албанија, нема човечки загуби
-

Трето возило му го пресекло патот на Никола, по што преминал во спротивната лента – ОЈО го гони возачот
-

Ги напаѓал сопругата и трите деца – осум дена притвор за скопјанец
-

Обид за убиство во Скопје: Напаѓачот уапсен по само 25 минути
-

Пентагон бара од одбранбената индустрија брзо да го зголеми производството и испораката на оружје, според допис на Фајнберг
-

22.000 луѓе евакуирани, прогласена вонредна состојба поради пожар во Британска Колумбија
