-->
-->
Игор Јанушев: На 12 април ќе му се стави крај на безредието и криминалот
-->

СДСМ и Оливер Спасовски континуирано три години ја загрозуваа безбедноста на граѓаните. Власта наместо народот, ги штитеше криминалците.
Во МВР сега се воспоставува ред и систем на одговорност. И тоа на СДСМ и Спасовски им пречи. Затоа што тие се навикнати да функционираат во криминална средина.
Оливер Спасовски е првиот министер за внатрешни работи кој што направи коалиција со мафијата. Наместо сузбивање на криминалот негово единствено достигнување во министерството беше презентација на возило пред медиумите кое беше купено од претходната влада дека е изгребано од мачки.
Задача на техничките министри ќе биде се што им било одземено на граѓаните како што е случајот со возилата од МВР.
Државата и граѓаните се на прво место.
СДСМ и Оливер Спасовски во паника од неминовниот изборен пораз сакаат да ги блокираат институциите, а обвинуваат за блокади од ВМРО-ДПМНЕ мислејќи дека на тој начин ќе си создадат алиби од изборен пораз.
Сценариото не им се остварува. Министрите од ВМРО-ДПМНЕ постојано се на терен помеѓу граѓаните, нивните тимови се во институциите и се работи на нормално функционирање на државата.
Министрите од ВМРО-ДПМНЕ се сретнуваат со огромни злоупотреби кои ги правела власта во изминатиов период и тие скандали и афера ги гледаме секојдневно во медиумите.
На безредието и криминалот кое СДСМ и Спасовски уште го штитат ќе му се стави крај на 12 април, а по 12 април ќе има одговорност за сите кои ги прекршиле или ќе ги прекршат законите во идниот период.
Прес-конференција Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Полагање на државна матура 2025 година - Смислија ли надлежните нови механизми за да се спречи препишувањето?
-
Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-
Избори во Германија
-
Бајовски: Радиоактивниот фон на зрачење во РЕК Битола не е многу поголем од природниот
-
Таравари во обид за договор со ВРЕДИ
-
ДУИ: Сиљановска го поткопува мултиетничкиот карактер на државата
-
Семејното насилство ќе се гони по службена должност
-
Зградите на ФИНКИ и ФФК кои 6 години пропаѓаат ќе се доградат по стручна анализа од работна група