„Иглс оф Дед Метал“ синоќа го завршија парискиот концерт започнат на 13 ноември

Американската рок група „Иглс оф Дед Метал“ синоќа во париската „Олимпија“ го заврши концертот започнат и прекинат во трагичната ноќ на 13 ноември во „Батаклан“ за време на терористичките напади во Париз.
Концеротот на кој ќе се сеќава историјата, како што јави дописникот на МИА од Париз, беше замислен како два часа музика со цел да се истера стравот и болката.
Терористичкиот напад од 13 ноември во „Батаклан“ не ја жигоса само Франција, туку и целиот свет на музиката, бидејќи 90 фанови на рокенрол музиката загинаа под рафалите на терористите.
Три месеци по вараварскиот чин, американската група одржа нов концерт во „Олимпија“ за преживеаните и блиските на жртвите.
Вокалистот на бендот Џеси Хјуз изјави дека отсега тој е „Французин за секогаш“.
Според него, за да се продолжи да се живее, за да не им се даде право на терористите, требало повторно да се качат на сцената и да ги повикаат своите обожаватели да дојдат повтроно во концертните сали.
„Иглс оф Дед Метал“ со синоќешниот концерт ја продолжија прекинатата турнеја од минатата есен, но сега со друго име „Nos Amis Tour“, на француски јазик, што во превод значи „Турнеја Наши Пријатели“.
Синоќешниот коцерт започна со францѕската песна на Жак Дитрон „Il est cinq heures. Paris s'éveille“ (Пет часот е. Париз се буди), по што следуваа два часа на незаборавен концерт.
Ново на Сител
-

Николоски: Со изградбата на коридорите 8 и 10 Македонија ја зацврстува политичката и економска стабилност во регионот
-

61 возач фатен под дејство на алкохол, 14 возеле со над 1,50 промили
-

Вештак на судењето за „Пулс“: Дискотеката имала три влезови и излези, но не за евакуација
-

Ѓорѓиевски: Нов лик, подобри услови и поголема грижа - ЗОО Скопје се менува
-

Приведени осум возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“
-

Маск: На секое дете во Америка ќе му подарам по една акција од SpaceX – подарок вреден 10 милијарди долари
-

Мицкоски: Цените на храната и пијалоците во Македонија се меѓу најниските во регионот, потврди Евростат
-

Заврши петтото издание на „Wine Vision by Open Balkan“: Белград три дена во знакот на виното, ракијата и гастрономијата
