-->
-->
Иџе во Порто го добива вториот шампионски пехар
-->
Сезоната во шампионатот на Европа во автомобилизам на ридски патеки е завршена, а останува уште свечениот дел доделувањето на пехарите за најуспешните. Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе по вторпат во својата кариера ќе го прими шампионскиот пехар, како најдобар на ридските трки на натпреварувањето што го организира ФИА.
- По втор пат за две години ќе ја имаме таа чест да го добиеме драгоцениот пехар како круна на уште една успешна сезона. Тешко ми е да се решам која титула ми е подрага, првата ланска или оваа втората што ја освоив со максимален можен број на бодови како потврда на квалитетот. Секако, ова е потврда на одличната работа на сите во тимот, на сите чинители во нашата успешна приказна и возврат на довербата која спонзорите ја имаа во нас, изјави Стефановски.
Македонскиот автомобилист се подготвува за следната сезона и ги разгледува можните варјанти, како и опцијата за настап на кружни патеки.
- Со двете европски титули на „брдо“ веќе имаме потребно „педигре“ и репутација во европските тркачки тимови на кружни патеки кај кои има расположение да ни ја отворат вратата. Имаме начелни понуди од неколку добри тимови за настап во силни национални и регионални шампионати на кружни патеки, но секако, мојата цел е да го задржам нивото и да ја продолжам кариерата во Европскиот куп на круг, популарниот ФИА ЕТЦЦ. Сепак, како и за се во животот, главната пречка се финансиите затоа што ќе треба далеку повеќе средства и спонзори за да се обезбеди настап во тоа друштво. Тоа ни е најголемата мака и тука ќе се води најголемата борба. Во меѓувреме има некои одредени најави за делумна реорганизација која би водела кон поголема популаризација на ридските трки и европскиот шампионат што би овозможило и поголема конкуренција на асфалтот и поинтересни трки. Ако ништо не се случи со кружните трки, ни останува опцијата да продолжиме во истата дисциплина како и досега, а тоа значи дека ќе јуришаме на трета последователна титула и хет-трик кој ретко забележан во европските тркачки шампионати, рече Иџе.
Завршната свеченост ќе се одржи утревечер во хотелот „Пестана Паласио" во Порто.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска