Идниот премиер на Гренланд ги отфрла идеите на Трамп за американско преземање на островот
Веројатниот нов премиер на данската автономна област Гренланд, Јенс-Фредерик Нилсен, ја отфрли идејата на американскиот претседател Доналд Трамп за американско преземање на огромниот остров во Арктичкиот круг, велејќи дека Гренланѓаните треба да одлучат за нивната иднина.
Гренланд сака да се отцепи од Данска, но победниците на изборите, Демократската партија, сакаат тоа да се случи полека и постепено.
Демократит, партија наклонета на бизнис круговите, беше изненадувачки победник на вчерашните избори, оставајќи ги зад себе двете левичарски партии кои ја формираа претходната влада на Гренланд.
Бидејќи повеќето Гренланѓани се противат на желбите на Трамп да ја контролира нивната татковина, парламентарната кампања се фокусираше на здравствената заштита и образованието. Затоа, идеите на Трамп не беа на гласачкото ливче.
Но, Нилсен како шеф на демократите многу брзо се изјасни против идејата на Трамп, што беше повторено минатата седница на заедничката седница на американскиот Конгрес. Трамп потоа повтори дека на Америка и е потребен Гренланд за да ја заштити националната безбедност и дека, според неговите очекувања, тоа ќе се случи „на овој или оној начин“.
„Не сакаме да бидеме Американци. Не сакаме да бидеме Данци. Сакаме да бидеме Гренланѓани и сакаме да бидеме независни во иднина“, изјави Нилсен (33) за британски „Скај њуз“ и додаде: „Сакаме да изградиме сопствена земја“.
На претежно замрзнатиот остров североисточно од Канада живеат околу 56.000 лица, главно Инуити, а на него се наоѓа и една американска воена база, што служи за рано предупредување за пристигнување на интерконтинентални балистички ракети и за набљудување на вселената.
Ново на Сител
-
Односите со САД се на ултра високо ниво, да не избрзуваме со заклучоци поврзани со визата на Лимани, изјави премиерот
-
Нетанјаху ги обвини поранешниот и актуелниот шеф на безбедносната служба „Шин Бет“ за организирање уцена
-
Во февруари 366 лица со овчи сипаници, 68 случаи на шуга и три на заразни заушки
-
Мицкоски: Македонија „скокна“ 10 места на Индексот за демократија на „Економист“
-
Во Газа, 90 отсто од населението нема сигурен пристап до вода, 80 отсто нема пристап до храна
-
Приведени три лица од Кавадарци за предизвикување пожар и кражба
-
Во Берово погребално претпријатие откопувало гробови, човечките остатоци ги фрлало на друга локација
-
Вчера казнети 807 возачи