-->
-->
Идентификувани загинатите во сообраќајката во струмичко
-->
Утрово околу 06,10 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш помеѓу с.Владевци и с.Радичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Венто“ со штипски регистерски ознаки управувано од Т.Г.(46) и товарно возило „Мерцедес“ со велешки регистерски ознаки управувано од М.М.(33).
Од здобиените повреди на самото место починале Александар А.(25) од с.Карбинци-штипско сопатник во патничкото возило „Венто“ и Павлина Г.(72) од с.Раброво сопатник во товарното возило „Мерцедес“.
Со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Вентото“ и истиот со возило на брза помош бил пренесен во МЦ-Струмица за укажување на лекарска помош.
Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајна несреќа на автопатот Тетово – Скопје
-
Утре во 17 часот нов протестен марш во Скопје за Фросина
-
Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
-
Кумановка измамена за 30.000 евра - повторно измамата во која наводно нејзина ќерка прегазила дете
-
Мицкоски: Надлежните се на терен во сите поголеми супермаркети, се прави анализа, детали од понеделник
-
Поранешниот германски претседател Хорст Келер почина на 81-годишна возраст
-
Футсал: Македонија поразена од европскиот првак Португалија
-
СП во ракомет: Заврши бајката на Португалија, фаворитот Данска се пласираше во финалето