Македонија
27. February 2016 - 12:53

Идентификувани загинатите во сообраќајката во струмичко

Утрово околу 06,10 часот на магистралниот пат Струмица-Радовиш помеѓу с.Владевци и с.Радичево, случена е сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Венто“ со штипски регистерски ознаки управувано од Т.Г.(46) и товарно возило „Мерцедес“ со велешки регистерски ознаки управувано од М.М.(33).

Од здобиените повреди на самото место починале Александар А.(25) од с.Карбинци-штипско сопатник во патничкото возило „Венто“ и Павлина Г.(72) од с.Раброво сопатник во товарното возило „Мерцедес“.

Со тешки телесни повреди се здобил возачот на „Вентото“ и истиот со возило на брза помош бил пренесен во МЦ-Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен е увид и се работи на целосно расчистување на случајот.