Македонија
16. January 2021 - 16:37

Идентификувани дел од учесниците во палењето на бугарското знаме

Три лица кои учествуваа во палење на бугарското знаме во Вевчани се идентификирани, дознава Сител од извори во истрагата.

Во текот на денот се очекува и официјално да биде соопштено како тече процесот на утврдување одговорноста за чинот што предизвика остри реакции од Софија.

Стручното обвинителство вчера, отвори предмет и даде наредба да се утврди идентетитетот на сторителите и другите пристутни на настанот. Се истражува кривичното дело повреда на угледот на странска држава од членот 181 од Кривичниот законик.

Од СВР Струга велат дека интензивно работат на собирање податоци а се прегледуваат и безбедносните камери и снимките од настанот.