-->
-->
Идентификуван напаѓачот во црквата во Дагестан
-->
Извршителот на смртоносниот напад во градот Кизпјар во руската република Дагестан е идентификуван како 22-годишниот локален жител Халил Халилов, јавија руските власти.
- Убиениот напаѓач е идентификуван како Халил Халилов (22), жител на селото Расвет во областа Тарумовски на Дагестан, стои во соопштението на Интернет страницата на градската администрација.
Халилов вчера уби пет луѓе за време на служба во црква во дагестанскиот град Кизпјар. Според дел од медиумите, напаѓачот почнал да пука внатре во црквата, а според други - излегувајќи од неа.
Во престрелката беа повредени пет лица, меѓу кои и полицајци и припадници на Националната гарда.
Одговорност за нападот презеде терористичката група Исламска држава (ИД).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска