Балкан
3. September 2015 - 13:50

ИД го осуди на смрт Ердоган

Исламската држава го осуди на смрт турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган поради поддршката на меѓународната коалиција во Сирија и бомбардирањето на позиции на ИД, јави турскиот весник „Јени акит“.

Социјалните медиуми блиски до ИД прогласија фатва (религиозна пресуда) за Ердоган.

Ердоган е обвинет дека „дејствува заедно со еретиците, нусајрите и Евреите“.

Смртната предуда може да биде поништена ако Ердоган ја прекине поддршката за коалицијата предводена од САД против ИД.