Ибрахими: Бањско-климатската услуга ја искористија над 37 илјади пензионери

Министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими денеска ги посети пензионерите сместени во „Дебарски Бањи-Цапи“, кои ја користат владината мерка за бесплатна бањско-климатска рекреација.
- Во минатите седум години оваа услуга ја искористија над 37 илјади пензионери. Годинава, оваа поволност за бањски престој ќе ја искористат 5.500 пензионери, а 2.114 пензионери туристичкиот викенд. Тие изразија големо задоволство од вниманието и грижата за нив. Се надевам дека идната влада нема да ги заборави пензионерите и ќе продолжи со овој многу значаен проект за оваа категорија граѓани, но и во правец на поддршка на бањскиот туризам, изјави министерот Ибрахими.
Тој заедно со сопственикот на бањите Меџит Цапа ги посети пензионерите во бањскиот локалитет во Косоврасти, а потоа и оние во Бањиште, каде директно се запозна со условите за престој и услугите кои ги нудат бањите.
Според заменик извршниот директор на „Дебарски Бањи-Цапа“, кој е и претседател на Групацијата на бањи при Стопанската комора, Трим Ќемали, бањско-климатската рекреација е значајна не само за пензионерите, туку и за самите бањи, односно за развојот на бањскиот туризам.
- Во нашите два локалитета во изминатите години престојуваа повеќе од девет илјади пензионери. Дел од нив за првпат што е многу значајно за нив како личности, но и за нивното здравје. Но, во исто време и за нас бидејќи обезбедените средства од Владата се многу значајни затоа што ги насочуваме кон подобрување на условите во постојните и во изградбата на нови капацитети, истакна Ќемали.
Тој побара од новата влада да продолжи со имплементација на овој проект и со разгледување на можноста за зголемување на износот на средства коишто би им се исплаќаат на име престој на пензионер.
Ново на Сител
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
