-->
-->
Ибра и официјално кај Мурињо
-->
Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ (34) од петокот и официјално стана член на Манчестер Јунајтед.
Ибрахимовиќ на „Олд Трафорд“ пристигна во голем стил со хеликоптер, а откако ги мина лекарските прегледи го парафираше едногодишниот договор, според кој ќе заработува 260.000 евра неделно, односно 12,4 милиони евра годишно.
Манчестер Јунајтед ќе биде осмиот клуб во кариерата на Ибрахимовиќ, кој претходно настапуваше за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан и ПСЖ.
Во Манчестер Јунајтед тренер ќе му биде Жозе Мурињо со кого соработуваше во Интер. Во кариерата Ибрахимовиќ има одиграно 677 натпревари на кои има постигнато 392 гола. Минатата сезона во ПСЖ му беше најуспешна во кариерата, тој постигна 50 голови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ВИ: „Мона Лиза“ рапува
-
УКИМ донесе Одлука за основање Фондација „Горан Стефановски“
-
Кари ја освои наградата „Џери Вест“
-
Денвер трет пат го совлада ЛА Лејкерс
-
Први мај и вторитот ден на Велигден неработни за сите граѓани, а Велики петок за граѓаните од православна вероисповест
-
На западот на Австралија 160 насукани, а 26 угинати китови
-
Паднаа перките на познатата ветерница над клубот „Мулен руж" во Париз
-
Атлетико сака да ја продолжи соработката со Витсел