Манчевски го претстави Централниот регистар на население
Министерот Манчевски денеска го претстави Централниот регистар на население. Податоците ќе бидат користени од надлежните институции за потребите при давање на услуги.
Регистарот ќе биде помошна алатка при спроведување на Попис и при пречистување на Избирачкиот список.
При промена на личен податок во една институција, промената ќе биде извршена во сите институции поврзани на системот на Регистарот. Граѓаните ќе можат да направат увид на своите податоци или на своите малолетни деца. При евентуални грешки МИОА нема да може да ги промени, но ќе ги насочува граѓаните каде ќе можат да го сторат тоа.
Министерот Манчевски вели дека ажурирањето и размената на податоците ќе се врши согласно Законот за заштита на лични податоци.
Поради тоа што не смее да се размени Единствениот матичен број, МИОА ќе воведе Единствен електронски број за секој граѓанин, која ќе помогне во комуникацијата меѓу институциите. Тој број ќе се добива преку алгоритам кој по случаен пат ќе го додели. Манчевски вели дека граѓаните нема да имаат потреба да го знаат тој број, бидејќи негова функција ќе биде институциите да имаат увид за кое лице станува збор.
Во следниот период треба да биде пуштен во употреба и Националниот портал. Манчевски вели дека е готов, но потребен е тест период.
Даниел Василев
Ново на Сител
-
ДИК: Двојните избори утре ќе ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, како и 83 странски новинари
-
Во општина Маврово-Ростуше гласаат 68 болни и изнемоштени лица
-
Малолетник прегазен во Велес, пренесен во скопските Клиники
-
Македонските државјани во Србија гласаат на вториот круг од претседателските избори во Македонската амбасада во Белгрaд
-
Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри
-
Поевтинуваат горивата, ова се новите цени
-
Граѓаните утре можат да пријавуваат повреда на избирачкото право на бесплатната телефонска линија 0800 54321
-
Цените на угостителски услуги во април зголемени за 2,5 проценти