Џет-Сет
19. јуни 2016 - 11:42

Иако промаши пенал, Роналдо испочитува збунет фан за заедничко селфи

Кристијано Роналдо се претвори во една голема фрустрација во текот на мечот со Австрија, зошто не успеа да постигне гол од многу добри прилики, а притоа промаши и пенал.

Фудбалерот на мадридски Реал на крајот од мечот сепак остана доследен на принципот кои сите негови навивачи го обожуваат.

-Секогаш ќе се сликам со навивачи кои тоа го сакаат. И јас некогаш бев таков и гледав во идоли, рече своевремено Роналдо.

Еден навивач на стадионот во Париз долета до него за да направи селфи, а редарите побрзаа да го тргнат.

Португалецот јасно им кажа да почекаат додека нервозното момче тресејчи се се обиде да ја намести камерата.

И покрај тоа што имаше очајна вечер, Роналдо стрпливо чекаше и по фотографирањето го напушти теренот.

Foto: Tanjug/AP

Foto: Tanjug/AP

Foto: Tanjug/AP

Foto: Tanjug/AP

Foto: Tanjug/AP