И во Гевгелија мерки за невремето - екипите на терен
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков, во координација со членови на Кризниот штаб и другите надлежни институции, денеска договорија преземање активности и превентивни мерки за заштита од најавените обилни врнежи и невреме во нашата земја, соопштија од општинската служба за односи со јавноста.
Побарана е мобилизација од страна на сите општински и државни институции и органи на територијата на Општина Гевгелија кои согласно надлежностите треба да преземат мерки за заштита од поплави и можно излевање на речните водотеци и одводните канали.
Подрачните единици на ДСЗ и ЦУК се задолжени да извршат детална проверка на исправноста на сите ресурси со кои располагаат заради навремено дејствување и превенирање на терен.
ТППЕ Гевгелија ќе воведе дежурство и ќе изврши контрола на критичните точки за можно излевање, а Комуналец ќе изврши контрола на шахтите во градот и населените места и ќе ја провери нивната пропусна моќ.
Од градежните фирми е побарано да ја стават на располагање сета градежна механизација за интервенции на терен доколку се наложи потреба за тоа,а од граѓаните се бара да ги почитуваат препораките, особено за обезбедување слободно движење на возилата кои ќе бидат ангажирани за превенција при евентуална природна непогода.
Ново на Сител
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги
-
Во Хрватска уапсен министерот за здравство Вили Берош
-
Тошковски: Дозволи за оружје се делеле незаконито, отказ за 15 високи полициски функционери
-
Доживеал паничен напад, сведокот Гоце Трајковски не се појави на судењето за Вања и Панче
-
Трамп вети силна војска и крај на војните
-
Најмалку 10 загинати во пожар во дом за стари лица во Шпанија
-
Лига на нации: Македонија ја совлада Летонија и обезбеди пласман во Лига „Б“